Надоместок за школување
Надоместокот за школување се утврдува за една учебна година, посебно за тригодишното образование и за четиригодишната обука за козметичар-техничар. За актуелниот ценовник, Ве молиме контактирајте го училиштето.
Доколку училиштето изврши промена во висината на надоместокот, таа важи за идните генерации ученици, кои допрва ќе се запишуваат. Сите ученици школувањето го завршуваат според ценовникот што важел при нивниот упис. Потребниот алат, прибор и материјал за техничка пракса и салонска работа го обезбедува ПСУ „Академија Леонтиќ“.
Стипендии и попусти
Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ во својата програма предвидува стипендии и попусти за одредени категории ученици:
- Стипендија за успех — за учениците со комплетен одличен успех во тригодишното образование, редовни на практичната и салонската настава. Најмногу поени носи учеството на теренските активности. Стипендијата е наменета за четвртата година, со попуст стекнат по пат на бодирање во текот на школувањето.
- Два ученика од исто семејство — попуст од 10% на вкупната сума за двата ученика.
- Плаќање во готово — попуст од 5% на вкупната сума за школување.
- Деца без родители — училиштето во секоја генерација целосно го стипендира школувањето на тројца ученици од домот за деца без родители.
