Skip to content
070 227 684 vaskaleontic@gmail.com

Мисија и визија

Мисија на училиштето

Основна мисија на училиштето е обука на кадри што во текот на образованието ќе се здобијат со очекуваните стручни компетенции, според стандардите на занимањата, а кои по завршувањето на образованието ќе бидат доволни за вработување или самовработување.

Исто така, се овозможува доедукација на учениците, односно тие можат своето образование да го продолжат на факултетите во државата и надвор од неа. Во таа смисла, изборот на кадар за практична обука се базира на избор на познати и признати стручњаци во својата професија, како внатрешни така и надворешни експерти во соодветната област.

„Академија Леонтиќ“ е приватно училиште што работи на изградување сопствена традиција!

Училиштето е секогаш отворено за соработка, за нови идеи што поттикнуваат индивидуалност и креативност, работна дисциплина и култура, повисоки интелектуални способности и образование што ќе одговори на животните предизвици, и кое нуди можности за самоиздигнување и изразување на личните способности по пат на пракса и теренска работа.

Визија на училиштето

Во нашата визија Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ е регионален центар за занимања од струката лични услуги.

Нашата визија е да создадеме институција за професионален кадар што ќе биде препознатлива по своите критериуми и принципи за постигнување висок квалитет, одговорност и трајни човечки вредности.

Филозофија на работа

Ова не е стандардно средно стручно образование што ќе Ви овозможи диплома за работа, туку е и школа за стекнување вештини со висок стандард и за стекнување уникатен стил на работење. Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ е местото каде што Вашиот талент ќе дојде до израз.

За да бидете комплетно образовани и обучени, во училиштето се поттикнува: