Рокови и критериуми за упис
Редовниот уписен рок започнува на 1 март и трае до 15 јули. Крајниот рок за упис е 25 август, доколку бројот на запишани кандидати не е пополнет.
Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ годишно предвидува следниот број ученици за упис (овој број овозможува квалитетна настава и совладување на сите техники и вештини, како и висока посветеност и контрола на практичната обука кај учениците):
- Фризери: до 15 ученици
- Козметичари: 12
- Масери: 10
- Шминкери: 20
За упис како редовен ученик, потребно е кандидатите да имаат завршено задолжително основно образование.
