
Приватно средно училиште „Академија Леонтиќ“
Поттикнувајќи ја креативноста, создаваме развој на сопствен стил кај секој ученик!
Приватно средно училиште
Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ е место каде се обучуваат новите генерации професионалци кои, преку својата оригиналност и соодветно образование, ќе воспостават високи стандарди на работа.
Практична настава
Дел од училиштето се салоните „Леонтиќ“, модерно опремени, во кои учениците ги остваруваат целите на наставните програми преку практична настава.
Наставен кадар
Целото училишно образование и сите вештини и техники на работа ги предава мајстор-предавачот Васка Леонтиќ, основач и директор на училиштето.
Модуларни програми
Наставната програма се темели на рамнотежа меѓу теоретската и практичната настава во сите три години, за стекнување знаења, вештини и способности.
Насоки
- Фризер
- Козметичар
- Масер
- Шминкер
Тригодишно стручно образование во Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“.
Предавач Васка Леонтиќ
Визијата на Васка Леонтиќ е преку квалитетна работа, услуги и активности да создаде препознатлив и оригинален стил на работа кој ќе создаде уникатен стил за странките, а воедно зад себе да остави квалитетни проекти и кадри.
Од секогаш стремела знаењето и искуството што го има стекнато на професионален план да го пренесе на помладите, на клиентите и на своите соработници. За таа цел ги основа едукативните центри Приватен Центар за Стручна Обука и Приватно Средно Училиште, Академија Леонтиќ-Скопје и оформи професионален тим од луѓе на кои го пренесе своето искуство и активно ги вклучи во сите проекти и развојни програми и планови.


