Училиштето ја започнува секоја учебна година подготвено, со обезбеден наставен кадар според нормативот за наставен кадар, како во теоретскиот така и во практичниот дел со мајстор-обучувач.
Во рамките на организациската структура е менаџерскиот тим, кој го сочинуваат сопственикот-директор на училиштето и стручен соработник кој е координатор за настава и теренска работа.
Наставен кадар во практичната работа
Предавачи во практичната работа, според нормативот за наставен кадар и обука, се мајстори, а помагачи во салонската обука се асистентите, поточно вработените што секојдневно работат во салоните и стручно ја извршуваат салонската работа. Наставниот кадар и асистентите во практичната обука се под раководство на самиот основач и директор на училиштето.
Целокупната школска обука и сите вештини и техники на работа се изучуваат од мајстор Васка Леонтиќ, која е основач и директор на ова училиште. Учениците имаат можност да ги научат стилот и техниките што ги владее, начинот на кој таа менаџира со салонот за убавина, како се создава и се гради еден бренд, како и на кој начин се постигнува врвна кариера.
Нашиот наставен кадар умее да продре до уметничкото во Вас, да ги разбуди Вашите таленти и можности. На тој начин се постигнува успех; секој ученик стекнува и развива самодоверба што е основа за контактот со клиентите и тимот со кој се работи.
Бидете меѓу генерациите образовани, изградени и комплетни фризери, шминкери, козметичари и масери кои ќе промовираат нови стандарди и техники на работа!
