Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ образува кадри за четири образовни профили од струката лични услуги. По завршувањето на средното стручно образование, секој профил може да ги извршува следниве работни задачи:
Фризер
- да стриже и потстрижува
- да бои коса со разни бои
- да нијансира и шатира со класични и напредни техники (капа, фолија, баљаш)
- да мие и негува коса со разни препарати
- да изработува ладни-трајни ондулации
- да ги користи сите електрични алати и прибор за кадравење
- да обликува разни и свечени фризури
Шминкер
- да ги одржува алатот и приборот
- да ги подготвува препаратите за шминкање
- да ја прилагодува шминката кон формата на лицето
- да шминка според барањата на клиентите: дневна, вечерна, интензивна и невестинска шминка
- да шминка невести со декоративна шминка
Козметичар
- да обезбедува хигиенски услови во салонот и да го подготвува работното место
- да води евиденција на клиентите и да спроведе протокол на работа
- да одредува третман според видот на кожата на лицето
- да масира лице и тело и да депилира
- да изработува маникир, педикир, декорација и надградба на нокти
- да изработува третмани на лице според типот на кожата и возраста
Масер
- да ги познава производите за масирање
- да применува комбинации на етерични масла
- да ја применува апаратурата за масажа
- да масира класично и релаксирачки
- да применува антицелулитна масажа и третмани
- да масира со ароматерапија и акупресура
Сите профили се грижат за хигиенско-техничката заштита и за заштитата на животната средина. Покрај тоа, сите образовни профили ќе можат да комуницираат писмено и усно на мајчиниот јазик и на еден странски јазик, ќе имаат знаења од информатичката технологија, психологијата и граѓанското образование, ќе ги познаваат основите на бизнисот и историјата на Македонија.
