Во Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“, освен грижата за максимално развивање на стручните компетенции, голема е грижата за здравјето, редовноста и безбедноста на запишаните ученици.
Наша грижа, покрај едукацијата, е и да им се помогне на родителите и на децата околу можностите што ги имаат по завршувањето на школото. Тоа значи професионална ориентација, лични совети и препораки од мајстор Васка Леонтиќ, која лично ги следи и работи со учениците за време на целата практична обука, ги препознава нивните компетенции и подготвеност и ги советува како можат да се дообучат, кои од нив можат веднаш да започнат со работа, со сопствен бизнис и кариера, а на кои им треба уште пракса.

Летен камп
За сите ученици што во текот на учебната година имале потешкотии во совладувањето одредени техники, училиштето организира летен камп. За време на кампот се одржува само практична настава, со повторување на сите техники од завршената учебна година. Летниот камп е задолжителен за учениците што заостануваат во редовната настава, а можат да го посетуваат и сите останати што сакаат да научат некои од техниките.
Пријавувањето за летниот камп се врши два месеца пред завршувањето на редовната настава.
Оценување
Оценувањето за секој ученик претставува кумулативна оценка на неговиот севкупен труд на општообразовната теоретска настава, стручната теоретска настава, салонската и техничката пракса. Крајниот резултат зависи од редовноста, активноста, вклучувањето во проектите на училиштето, како и од квалитетот на вештините што ученикот ги совладува и унапредува.
Учениците што ќе постигнат видни резултати во своето стручно образование се стекнуваат со можноста да станат дел од тимот на Центарот за убавина „Студио Леонтиќ“.
