Skip to content
070 227 684 vaskaleontic@gmail.com

Васка Леонтиќ

Васка Леонтиќ

Основач и директор на ПСУ и ПЦСО Академија Леонтиќ-Скопје

Визијата на Васка Леонтиќ е преку квалитетна работа, услуги и активности да создаде препознатлив и оригинален стил на работа кој ќе создаде уникатен стил за странките, а воедно зад себе да остави квалитетни проекти и кадри.

Од секогаш стремела знаењето и искуството што го има стекнато на професионален план да го пренесе на помладите, на клиентите и на своите соработници. За таа цел ги основа едукативните центри Приватен Центар за Стручна Обука и Приватно Средно Училиште, Академија Леонтиќ-Скопје и оформи професионален тим од луѓе на кои го пренесе своето искуство и активно ги вклучи во сите проекти и развојни програми и планови.

Едукативниот тим на ПЦСО и ПСУ Академија Леонтиќ-Скопје секоја година ги обновува програмите и внесува свежина со новитети кои кандидатите, курсистите и средношколците ќе ги воведе во најновите светски достигнувања и во совршената техничка креативност. Нивна цел е да Ви го даде клучот на успехот, а тие се уверени дека едукацијата е клуч за успешна и прогресивна кариера. Токму таква едукација се труди да даде ПЦСО и ПСУ Академија Леонтиќ-Скопје со најразновидните обуки, курсеви и модуларни програми.

Васка Леонтиќ