Општи цели
- стекнување знаења, вештини и способности
- развивање свест за критичко прифаќање на општествените и социјалните процеси и појави
- поттикнување критичко и креативно мислење
- рационална и творечка примена на иновации и нови идеи
- применети знаења
- слобода на мислење
- флексибилност и адаптибилност во креирање ставови
- воспитување на лична одговорност
- запознавање со личните права и обврски
- развивање свест за заштита на природата и човековата околина
- развивање на потребата за доживотно учење
- подготвеност за промени
Посебни цели
- подигнување на квалитетот на наставата
- развивање свест за професионално усовршување на наставниот кадар
- интеграција на ученикот во наставниот процес како творечки субјект
- активна соработка со родителите
- опремување на училиштето со современи наставни средства
- опремување на училиштето со најновите технолошки достигнувања, машини и апарати за практична работа
- збогатување на библиотечниот фонд со стручна педагошко-психолошка литература
- подигнување на еколошката свест кај сите структури во училиштето
- самоевалуација на работата на училиштето
Подрачја за реализација на приоритетните цели
Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ во својот развоен подем предвидува:
- обуки за наставниот кадар за подигање на методско-дидактичката подготовка на наставниците-почетници во воспитно-образовната работа
- можности за усовршување и подготвување асистенти кои ќе можат да полагаат за идни мајстори-предавачи во практичната обука
Обуката се реализира со вклучување на институти од странство, а праксата во центарот за обука и средното училиште „Академија Леонтиќ“. За стручна проверка и полагање за мајстори, секој може да се пријави во занаетчиските комори низ Македонија, а доколку кај нас не се организира стручна проверка, истата може да се реализира кај соодветните партнери во странство.
Подигањето на квалитетот на наставата е перманентна задача на управата на училиштето преку систем на перманентна обука на наставниците и менторство. Соработката со социјалните партнери и со јавните училишта во Македонија и во Европската Унија претставува предизвик за остварување перманентна соработка.
Образовно искуство што ќе Ве инспирира и ќе Ве насочи кон нови успеси!
