Skip to content
070 227 684 vaskaleontic@gmail.com

Упис во приватното средно училиште

Можност за преминување

Доколку ученик сака да премине од Средното училиште „Академија Леонтиќ“ во друго училиште или обратно, тоа може да го стори во текот или по завршувањето на првата учебна година.

Преминување е можно и за учениците кои првично не се запишале во Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“. Тие ќе можат да го сторат тоа во периодот предвиден за преминување, со полагање на диференцијалните предмети од првата учебна година и предметите од првото полугодие на втората учебна година.

Преминувањето е овозможено за сите ученици да ја следат наставата што ги интересира и да се насочат по сопствен избор.

Потребни документи за упис

За стручните занимања фризер, шминкер, козметичар и масер — тригодишно образование во Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“:

Документите се чуваат во архивата на Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“.

Едукативно искуство што ќе ве инспирира и насочи кон нови успеси!