Skip to content
070 227 684 vaskaleontic@gmail.com

Насоки

Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ образува кадри за четири образовни профили од струката лични услуги. По завршувањето на средното стручно образование, секој профил може да ги извршува следниве работни задачи:

Фризер

  • да стриже и потстрижува
  • да бои коса со разни бои
  • да нијансира и шатира со класични и напредни техники (капа, фолија, баљаш)
  • да мие и негува коса со разни препарати
  • да изработува ладни-трајни ондулации
  • да ги користи сите електрични алати и прибор за кадравење
  • да обликува разни и свечени фризури

Шминкер

  • да ги одржува алатот и приборот
  • да ги подготвува препаратите за шминкање
  • да ја прилагодува шминката кон формата на лицето
  • да шминка според барањата на клиентите: дневна, вечерна, интензивна и невестинска шминка
  • да шминка невести со декоративна шминка

Козметичар

  • да обезбедува хигиенски услови во салонот и да го подготвува работното место
  • да води евиденција на клиентите и да спроведе протокол на работа
  • да одредува третман според видот на кожата на лицето
  • да масира лице и тело и да депилира
  • да изработува маникир, педикир, декорација и надградба на нокти
  • да изработува третмани на лице според типот на кожата и возраста

Масер

  • да ги познава производите за масирање
  • да применува комбинации на етерични масла
  • да ја применува апаратурата за масажа
  • да масира класично и релаксирачки
  • да применува антицелулитна масажа и третмани
  • да масира со ароматерапија и акупресура

Сите профили се грижат за хигиенско-техничката заштита и за заштитата на животната средина. Покрај тоа, сите образовни профили ќе можат да комуницираат писмено и усно на мајчиниот јазик и на еден странски јазик, ќе имаат знаења од информатичката технологија, психологијата и граѓанското образование, ќе ги познаваат основите на бизнисот и историјата на Македонија.