Ученичка посета — мобилност
Во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во склоп на секторската програма „Леонардо да Винчи“ од програмата „Доживотно учење — почетна стручна обука IVT“, училиштето подготви група ученици за мобилност преку посета на средни стручни училишта, обучни центри, фабриката за производство на козметичката линија „Афродита“, како и на музеи и историски знаменитости.
Подготовката започнува со изучување на странски јазик, подготовка за градот-домаќин Љубљана и за претставување на нашата држава. Посетата трае две недели, под раководство на ментор-предавач по практична работа.
Мобилност на раководниот и наставничкиот кадар
ПСУ „Академија Леонтиќ“ е вклучено и во програмата за мобилност „Професионалците во стручното образование и обука — ВЕТПРО“ од програмата „Доживотно учење“, со посета на стручно училиште за изработка на перики и други изумрени занаети во Лондон. Обуката ја извршуваат мајстор-предавач по практична работа и наставник по теоретскиот предмет технологија на занимањата.



Проект со Министерството за труд и социјална политика
ПСУ „Академија Леонтиќ“ спроведува воспитна настава за деца без родители, во рамките на проект на Министерството за труд и социјална политика наменет за развој на занаетчиството. Училиштето во секоја генерација целосно го стипендира школувањето на тројца ученици од домот за деца без родители, а по завршувањето најдобрите ги вработува во „Студио Леонтиќ“ или ги препорачува кај своите колеги и соработници.
Обука на деца со посебни потреби
Во својата воспитно-образовна програма училиштето вклучува и обука на деца со посебни потреби, за да се потпомогне развојот на нивните психофизички способности и да им се понуди обука за оспособување за работа, со специјални програми за нивна самостојна работа.
