Цена и стипендии

Надоместокот за школување за една учебна година за тригодишно образование во Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ изнесува 1000 евра,додека за четригодишното изучување за козметичар-техничар,надоместокот за  школување за една учебна година изнесува 1.300,00 евра.

Потребниот  алат,прибор и материјал за техничка пракса и салонска работа го обезбедува ПСУ „Академија Леонтиќ“.

Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ нуди можност за плаќање годишната школарина на 14 рати доколку се опфати првиот уписен рок (уплатата мора да биде завршена со самото завршување на наставата 10 јуни) без камата, и тоа за профилите: фризер,козметичар,масер и шминкер.

Попусти и поволности за сите ученици

Попустот е предвиден во висина од  20% до 30%.

За плаќање во готово, предвиден е попуст од 10% на вкупната сума за школување.

Попустот од 20% се однесува на семејствата кој ќе запишат две деца во Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“. Попустот се однесува на вкупната сума за двата ученика.

Редовна  годишна школарина Стипендија за успех Школарина

 

1000 евра Попуст 25% 750 евра
Редовна  годишна школарина Два ученика од исто семејство Школарина

 

1.000 x 2 = 2.000ева Попуст 20% 1.600 евра

Стипендии и попусти

Приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ во својата програма предвидува стипендии и попусти за одредени категории ученици.

Стипендите за успех се однесуваат на учениците кои постигнале комплетен одличен успех во своето тригодишно образование и биле редовни во посетувањето на практичната и салонската настава и пракса.Посебно и најмногу поени се добиваат со учеството на сите теренски активности што ученикот треба да ги помине, максимум 100 поена. Стипендијата е наменета за четвртата година и тогаш ученикот има право да го искористи одредениот попустод 50%, кој го стекнал по пат на бодирање и ажурирање на неговото досие додека се школувал и работел НА САЛОНСКА ПРАКСА во ПРИВАТНИОТ ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНА ОБУКА,,АКАДЕМИЈА ЛЕОНТИЌ и во АКАДЕМИЈА И СТУДИО ЛЕОНТИЌ дооел Скопје.