ОРГАНИЗАЦИЈА

За нас

Приватното средно училиште “Академија Леонтиќ” се наоѓа во строгиот центар на градот Скопје. Поврзувањето со останатите делови од градот е во рамките на градскиот сообраќај.
ПСУ “Академија Леонтиќ” е местото каде што се обучуваат нови генерации професионалци, кои ќе воспоставуваат високи стандарди во работењето преку својата оригиналност и соодветно образование. Нашата визија за создавање висококвалитетни професионалци веќе се остварува во Приватното средно училиште ,,Академија Леонтиќ“. Дел од училиштето се и салоните во коишто учениците ги реализираат целите од наставните програми преку практичната обука. Во нив идните фризери, шминкери, козметичарии масери ќе ги постигнат своите професионални дострели.
Принципот на еднакви можности за секој ученик во постигнувањето успеси во образовниот процес, е императив во нашето работење.
Досега создадовме соодветни образовни профили во повеќе струки на лични услуги, чиешто образование се одвива во рамките на тригодишното средно образование, како и образовни профили за козметичар-техничар со четиригодишно траење на образованието.

Нашата обука започнува со изучување протокол на работен простор и протокол на работа, кој ги содржи сите анализи што треба да се направат кај самиот клиент. Тоа подразбира дека еден врвен професионален фризер, стилист, козметичар, масер и шминкер треба:
– Добро да ги проучи сите менаџерски техники на раководење на еден салон;
– Да умее да ги препознае и добро да ги процени потребите на клиентот, односно, по извршената анализа, да му објасни на својот клиент на каков третман ќе подлежи, на каков начин ќе се изведе, што ќе се користи и како тоа ќе се примени во текот на самиот третман и секако, да му ја објасни неопходноста од извршување на третманот, како и да му даде совет на клиентот што и како да применува во домашни услови и како да се негува. Дури откако клиентот ќе се запознае со постапката што му се предлага и ќе се согласи со истата, се започнува со изведување на работните активности за успешно изведување на постапката.
Со ваквиот едукативен пристап и протоколарна работа, нашите ученици создаваат реална слика за салонското работење, за начинот на којшто треба да ги заштитат и да ги задоволат своите клиенти, а притоа, со својата креативност и со својата професионална умешност, да наметнат и да создадат индивидуален имиџ за својот клиент, кој ќе биде препознатлив и единствен.

Во сите области што се однесуваат на разубавување и негување на кожата на лицето и на телото (козметика, масажа и шминка), а кои се дел од нашиот едукативен систем, третманите што му се лично потребни на клиентот, за кого што се наменети, се одбираат соодветно за секоја индивидуа посебно.
За да го постигнеме посакуваниот успех во работата на нашите ученици – идни врвни колеги, целокупниот протокол на работа и установените техники за третманите се базираат на практична работа со модели-доброволци, кои се на различна возраст и од различен пол. Вежбите на кукли се наменети исклучително за објаснување на теоретскиот дел од наставата и кога се презентираат нови техники на работа, т.е. куклите се користат на часовите по теорија и по техничка пракса.